СПЦ ЈА ЈА БЛАГОСЛОВУВА И ОДОБРУВА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА: Патријархот Порфириј објави по Божествената литургија

– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Повеќе прочитајте на Фактор.мк


Фото: МИА