Спектакуларен старт на заедничкиот живот: Џенифер Лопез и Бен Афлек искеширале 50 милиони долари за оваа куќа (ФОТО)

На ред дојде најголемиот чекор откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновија својата романса: купување и вселување во заеднички дом!

Најпопуларната холивудска двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез, кои обожавателите ги нарекуваа и Бенифер, направија општ хаос на почетокот на мај 2021 година кога јавно објавија дека се помируваат по дваесет години разделба.

Помирувањето на славната двојка воодушеви милиони нивни фанови ширум светот, а секој нивен чекор од новата романса привлече големо внимание кај медиумите, папараците и публиката.

FOTO: Profimedia

Сепак, сега дојде време за посебен чекор – веројатно најголемиот откако ја започнале врската!

Според странските медиуми, Бен Афлек и Џенифер Лопез купиле спектакуларна куќа на Бел Ер, а за новата вила искеширале неверојатни 50 милиони долари!

Парот се одлучил за имот од 1800 метри квадратни, кој има вила со 10 спални соби, 17 бањи, но и домашно кино, теретана, неколку кујни, базен, дел за куќни помошници ...

Пристапот кон самата куќа е импресивен и различен: изградена е во кружен модел и изгледа исто како во сите вили од холивудските филмови, кои припаѓаат на богати американски семејства.

Самиот ентериер сѐ уште не е познат, но се наведува дека е класичен и луксузен, со многу златни, кадифе, но и беж нијанси. Се наведува и дека во оваа вила нашле се што барале за мирен семеен живот, а тука планираат да ги спојат животите на своите семејства.

Да потсетиме, Џеј Ло ги има близнаците Макс и Ема (за кои се почесто се зборува), од бракот со Марк Ентони, а Бен има три деца од бракот со Џенифер Гарнер.


Извор: glossy.espreso.co.rs

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Повторно заедно во спот по 20 години: Погледнете што прави Бен Афлек во видео запсисот на неговата љубена Џенифер Лопез