Повторно заедно во спот по 20 години: Погледнете што прави Бен Афлек во видео запсисот на неговата љубена Џенифер Лопез

Ова не е прв пат Афлек да се појави во нејзиниот спот. Пред точно 20 години тој се појави во спотот за хитот 'Jenny From the Block' во кој Лопез прикажува ситуации од своето секојдневие!

Актерот Бен Афлек (49) се појави во новиот спот Џенифер Лопез (52) 20 години откако беше гостин во спотот за нејзината песна „Jenny From the Block“.

Во нејзиниот најнов спот за песната „Marry Me“ таа покажа дел од нејзиниот секојдневен живот. Од проби и подготовки за настапи, до нежни моменти со партнерот.


Бен суптилно се појавува. Се гушка со Џенифер Лопез во кревет и ја смее, а во еден момент и ја држи за раце. Неговото лице не се гледа цело време.

Но, како што претходно беше споменато, ова не е прв пат Афлек да се појави во нејзиниот спот. Пред точно 20 години тој се појави во спотот за хитот 'Jenny From the Block' во кој Лопез прикажува ситуации од нејзиниот секојдневен живот кои ги следеле папараците.

Пејачката во едно неодамнешно интервју откри и како се чувствува со својот сакан Бен.

„Се чувствувам многу среќна и горда што сум со него“, изјави таа тогаш за People, додавајќи дека никогаш не била во подобра форма.