Србинка мажена за милионер проговори за предбрачниот договор: „Кога ми подари Ауди ТТ, само го грабнав, не размислував“
Милица Полскаја, Србинка од Ниш мажена за богат Казахстанец, на Инстаграм одговараше на прашања од љубопитните луѓе кои го следат нејзиниот луксузен живот
„Свршеникот сака предбрачен договор затоа што мисли дека ќе му го земам наследството“, беше прашана Милица Полскаја за совет.
„Немам поим за предбрачни или какви било договори. Љубовта е љубов. Ако љубовта престане, јас сум во стил- не ми треба ништо освен слобода. Така некако", одговори таа.
„Вашата тајна за долготрајна врска“, беше следното прашање.
„Понекогаш и тој мора да биде во право, не само јас (смеа). Компромисот е тајната. Поддршка. Понекогаш тој за мене, понекогаш јас за него“, рече Милица.
„Дали мислите дека жената треба да зема подароци од дечкото или не, додека не се омажи? (скапи подароци)“, се заинтересира една девојка, а Милица откри: „Мојот сопруг ми даде Ауди ТТ додека се забавувавме... така да земај. Мислам, тогаш се сврши со мене... не се сеќавам кога што се случи веќе. Сè уште го имам тој автомобил“.
Да потсетиме, Милица живее во Казахстан со сопругот и четирите деца. Таа има околу 350.000 следбеници на Инстаграм.
Извор: zena.blic.rs