Средба на Бобан Милошески и градоначалничката Кариќ: Аволон го носи Стинг во Сараево

Добивај вести на Viber

Вчера во Сараево, сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, имаше средба со градоначалничката Бенјамина Кариќ.

На средбата, градоначалничката се заблагодари што Авалон го носи СТИНГ во Сараево и изрази подготвеност од градот и голема желба со сите негови ресурси во иднина, Авалон да работи што е можно повеќе концерти таму. 

Од друга страна, Милошески вети дека ќе се обиде во 2023-та година на „Кошево“ да се случи голем стадионски концерт, единствен во регионот. 

На крајот од средбата која траеше 45 минути, градоначалничката Кариќ му подари на Милошески монографија за Сараево.