Учениците од училиштето Ѓорче Петров од Крива Паланка, со нивната уникатна креација од материјали за рециклирање, победија на седмата по ред „Мода од ѓубре",која се одржа во МКЦ. Користејќи фолија, кеси , цедеа, учениците создадоа оригинална креација наречена „Третиот елемент“.
Второто место им припадна на учениците од „Димитар Влахов" од Скопје со богатата креација „Еуфорија".
Трети се средношколците од училиштето Богданци од Богданци, и нивната приказна „Саншајн" направена од конзерви од паштети.
Настанот понуди 35 оригинални дизајнерски парчиња. Го организира ОХО, по повод 5 јуни, светскиот ден на планетата Земја.
(М.Џ.)