Среќни сме што Академијата го препозна крикот на планетата
Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето, стои во официјалното обраќање на тимот на „Медена земја“ кој денес испиша историја за македонскиот филм.
Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот, појаснуваат луѓето кои го потпишаа ремек-делото „Медена земја“.
Честитки за овој неверојатен успех стигнуваат од сите страни, а во продолжение погледнете дел од екипата која работеше на филмот, како ги дочека номинациите.