Српската естрада остана без познатиот Синан Сакиќ

Популарниот фолк пејач Синан Сакиќ починал утринава во Белград во семејниот дом, јавија српските медиуми.

Тој ја изгубил битката со болеста на денот кога требало да му биде соопштен датумот за трансплантација на црниот дроб.

Лекарите 24 часа се грижеле за него и сите верувале, семејството и сопругата Сабина, дека е доволно силен за да издржи.

Колегите се опростуваат од пејачот на социјалните мрежи.