Стара камп приколка ја трансформираа во дом од соништата: Сè што гледате, научивме да го правиме сами - преку видеа

Парот трансформираше застарена камп приколка во дом од соништата за помалку од 2.000 евра - и сето тоа го направиле со бесплатни онлајн упатства. Купиле стара камп приколка и ја претвориле во шик, модерен простор

„Штедливиот“ пар за 1.890 евра трансформира застарена камп приколка во дом од соништата, а сето тоа го направиле со бесплатни онлајн упатства. Ако отсекогаш сте сонувале за убава камп приколка во која ќе го поминете вашиот одмор, но не сакате да потрошите многу пари на сосема нова, ова неверојатно реновирање ќе ве натера самите да ја трансформирате старата камп приколка. 

Бјанка и Берт Бертали од Нов Јужен Велс, Австралија, купиле стара камп приколка која ја реновирале и ја претвориле во шик, модерен простор, со многу труд и љубов. 

Парот, кој има три деца (2, 4, и 12 години), преку онлајн видеа со упатства научиле се‘ што им е потребно за да ја направат оваа трансформација. На овој процес потрошиле околу 2.000 евра или околу 120.000 денари, претворајќи ја застарената камп приколка во дом од соништата. Сето тоа го направиле сами. Бјанка, која работи како наставничка во основно училиште, рече дека идејата да се купи стара камп приколка била сосема спонтана.

- Имавме неколку семејни кампувања, за кои беа потребни денови планирање за да се увериме дека сè е соодветно спакувано и поставено, откако ќе стигнеме на избраната локација. Открив дека бескрајно отвораме и затвораме кутии обидувајќи се да бараме предмети и ги преместуваме тие кутии за да направиме места за удобно спиење на децата - вели Бјанка, додавајќи дека видела како се појавува камп приколка на Facebook Marketplace и дека веднаш замислила како нејзиното семејство може да има придобивки од неа. 

- Светлиот ентериер би ни овозможил веднаш да се почувствуваме како да сме на одмор и би можел да послужи како место за престој на семејството доколку не посети. Додека бев на долго викенд кампување, за прв пат му ја претставив идејата на мојот сопруг - вели Бјанка. Таа му го покажала на својот сопруг огласот на Фејсбук и тој веднаш рекол дека не сака да купи камп приколка бидејќи не е таков тип. Таа некако успеала да го убеди и набрзо отишле да ја видат старата камп приколка, која ја нарекле Дејзи Дјук.

- Кога отидовме да ја видиме Дејзи Дјук, не знаевме ништо за приколки. Повикавме некои членови на семејството за нивни совети и работи на кои треба да обрнеме внимание. Имаше неколку предмети важни за безбедноста, а имаше и нова клима, пристоен фрижидер, телевизор и тенда на извлекување – рече мајката на три деца. 

Иако камп приколката била прилично скапа, овие додатоци ја направиле цената разумна. Бјанка откри дека иако камп приколката била во одлична состојба за нејзините години, таа и нејзиниот сопруг сакале да и дадат малку од сопствената магија, а тоа го направиле гледајќи онлајн упатства.

- Караванот беше во одлична состојба за својата возраст и  се чувствував малку виновна што ги извлеков дивите портокалови и кафеави винтиџ украси. Проверивме дали има оштетувања, состојбата на кабинетите, апаратите и струјата. Решивме нашиот проект да биде претежно козметички со некои едноставни додатоци. Ја реновиравме, а за камп приколките не знаевме ништо. Фала му на Бога за Google и онлајн туторијалите - вели г-ѓа Бертали. 

Бидејќи не било целосно реновирање, тие успеале да го завршат најголемиот дел од проектот за шест недели. Тоа било чудо со оглед на нивните секојдневни работни места и обврски. Имаат и три деца кои ги окупираат. Како поранешен учител по дизајн и технологија, Берт ја правел целата конструкцијата, додека Бјанка планирала, сликала и стилизирала. Тие биле добар тим.

– Ги вложи срцето и душата во остварувањето на моите соништа и покрај неговите првични протести, сега се заљуби во камп приколката – истакнува Бјанка и додава дека за трансформацијата користеле рециклирани материјали. Се обиделе да рециклираат сè што можат. Шкафовите се сите оригинални, само фарбани, како и опремата.

Доколку сте инспирирани и сакате да преземете слична трансформација, Бјанка ги споделува своите врвни совети. Таа препорачува за инспирација да ги следите советите на социјалните мрежи. Таа вели дека некои од нивните идеи се оригинални, но повеќето не се. 

Дејзи е спој на многу идеи кои тие ги погледнале и се обиделе да ги пресоздадат на свој начин. „Не плашете се да се обратите до други колеги кои имаат искуство во реновирање на камп приколки со прашања како да се реши нешто. Учете од другите и споделувајте со другите“, советува Бертали.

Бјанка е воодушевена од готовиот изглед на нивната камп приколка, а црешата на врвот на тортата е колку пари заштедиле правејќи го тоа сами. 

- Имаме толку убаво место за престој. Лесен е, воздушен и простран. Ние петмина можеме удобно да спиеме. Имањето на Дејзи Дјук значи дека можеме да избегаме некаде кога сакаме или кога ни треба. Исто така, ми дава простор да работам далеку од лудилото на домот. Само го земам лаптопот и одам таму на работа - вели Бјанка.

Таа додава дека има убаво мало засолниште каде е толку удобно и што остава впечаток кога сте во него како да можете да бидете каде било на светот. 

- Искрено, се чувствувам поубаво отколку во некои хотелски соби во кои престојував - додава таа. Проценува дека досега се ги чинело околу 2.000 евра, а имаат уште неколку работи. На крајот би сакале да ја префарбаат надворешноста. 

Рециклирајќи се‘ што може, таа ја спасува планетата и заштедува пари. Исто така, одржува дел од историјата во живот и внесува одредена личност во винтиџ просторот, пренесува The Sun.

- Сосема е задоволувачко да се повлечеш и да видиш нешто што самиот си го создал. Нема шанси да си дозволиме камп приколка која што е целосно реновирана или целосно нова – истакна Бертали.


Извор: The Sun

Фото: LatestDeals.co.uk