Стил на денот: Адријана Лима во фустан со златни детали и боја која ретко кој се осмелува да ја носи
Многумина мислат дека Адриана Лима е најдобриот ангел на
Викторија Сикрет, а покрај модните писти вниманието го привлекува и со секое
нејзино појавување на црвениот тепих. Така беше и кога таа се појави на
премиерата на „Last Night In Soho“ во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.
Нејзиниот партнер Андре Лемерс и се придружи на црвениот тепих, но сите погледи беа вперени во бразилската убавица, која на настанот пристигна во жолт мини фустан со блескави златни детали, кој ги истакна нејзините долги нозе и витката фигура.
Станува збор за фустан од либанскиот бренд Azzi & Osta, кој е создаден за да привлече внимание.
Заедно со фустанот носеше златни сандали со високи потпетици со ременчиња, а благодарение на косата подигната во пунџа ги истакна и дијамантските обетки.
Сето тоа го зачини со впечатлива шминка, која ги доведе нејзините усни во прв план со светло црвен кармин.
Фото: Профимедиа