Стил на денот: Алекса Чанг во кул комбинација, совршена за првите денови од есента

Добивај вести на Viber

Трендсетерката, во чија гардероба секогаш можете да најдете неколку интересни парчиња облека и модни додатоци, дефинитивно е Алекса Чанг.

Со години ја следиме нејзината стилска еволуција и покрај тоа што трендовите се менуваат, некои си заминуваат, а други доаѓаат, Алекса секогаш останува доследна на себе и многу автентична кога станува збор за нејзиниот моден стил. Играњето со трендовите не е туѓо за неа, но таа секогаш ги прилагодува на себе и - изгледа одлично. 

Алекса веќе ја носеше својата прва навистина кул комбинација за есен на музичкиот фестивал „The Big Feastival“ во Кингем. 

За уживање во музички настапи и дружење со пријателите, Алекса избра едноставна, но многу кул комбинација што ќе сакате да ја носите оваа есен.


Фото: Profimedia