Стил // Стил на денот
Стил на денот: Александра Радовиќ изненади со изгледот за настап во Скопје
За пејачката Александра Радовиќ, која за жените е често модна инспирација, е својствен класичниот и елегантен стил. А познато е и дека таа ретко греши кога се во прашање модните комбинации.
Неделава, пејачката имаше настап во Скопје, каде изненади со малку поразличен стил, но исто толку добар и ефективен како и секој нејзин претходен.
Александра, многу вешто искомбинирала спортска-елеганција со блескаво парче облека. Имено, пејачката носи краток топ со исто така краток блејзер преку, а надолу има светкаво здолниште кое додава блескава елеганција на целокупниот стајлинг.
Покрај тоа, се одлучила и за впечатлив накит кој го „зачинува“ целиот изглед.