Стил на денот: Амал Клуни во фустан кој ѝ прилега на секоја жена
Сега веќе познатата адвокатка Амал Клуни стана непогрешлива кога е во прашање изборот на беспрекорен стајлинг за секоја пригода. Овој пат таа ги воодушеви сите со плетен фустан кој идеално оди со патики, но и со чизми или високи потпетици. фустани кои можете да ги носите со патики и најелегантни чизми
Станува збор за модел чија цена е нешто повеќе од 1.200 евра и е погоден за секоја пригода, а долниот раб е асиметричен и многу ефикасен.
Сопругата на Џорџ Клуни овој очигледно опуштен стајлинг го зачини со црни кожени чизми на високи потпетици, а целиот аутфит доби сосема поинаква димензија.
Покрај тоа, таа носеше бела чанта „Frayme“, а неизбежен додаток во стилот на Амал се големите очила за сонце на брендот „MaxMara“, со чија помош го сокри лицето од папараците.
Извор: stil.kurir.rs