Стил на денот: Ана Ивановиќ во безвременски мантил кој прави секоја комбинација да изгледа скапо

Добивај вести на Viber

Ана Ивановиќ има непогрешлив стил, а сега повторно воодушеви со елегантна комбинација, и сите погледи ги привлече мантилот кој е апсолутен хит на сезоната. 

Иако нејзиниот стил е секогаш во склад со најновите трендови, тој во суштина е многу одмерен и со правилен баланс носи романтични модели кои ја истакнуваат нејзината префинета женственост.

Така беше и овој пат, кога избра многу впечатлива комбинација која е идеална за сите деловни жени. Ана позираше во бели панталони со широки ногавици кои се безвременски и лесно постигнуваат многу елегантен изглед. Со нив искомбинира плетен џемпер со светкави детали, а целиот изглед го заокружи со црни мокасини и чанта во сина боја. Класичниот тренч мантил кој е апсолутен хит за есенската сезона ѝ даде посебен шмек на одличната модна комбинација.

View this post on Instagram

A post shared by (@anaivanovic)


Извор: stil.kurir.rs