Стил на денот: Анџелина Џоли во панталони кои ќе ги обожаваме оваа есен, а моделот одговара на секоја жена
фото:profimedia
Заборавете на фармерките, а особено на тесните модели на панталони.
Иако дизајнерите со години се обидуваат да не насочат кон моделите кои изгледаат поелегантно или можат да се комбинираат на покреативен и поефективен начин, ние едноставно не се откажуваме од тесни фармерки и класичните панталони, цигаретки.
Како да единствениот начин да ја покажете својата женственост е ако носите тесни модели, кога навистина не е така: а славната актерка ни го демонстрира тоа во оваа прилика.
Анџелина е фотографирана додека пазари со својот син Пакс во Беверли Хилс.
За напуштање на куќата и можност која не бара елеганција на повисоко ниво, познатата холивудска sвезда избра, на прв поглед, исклучително едноставни парчиња.
Сепак, едно од нив прави значајна разлика - тоа се панталони со широки ногавици.
Обликот на овој модел ќе биде водечки тренд во сезоната есен / зима 2021 година.
Панталони можат да бидат (како во овој случај) најефикасното парче стајлинг: Наместете ги со кошула и високи потпетици и ќе имате стајлинг со кој ќе можете да одите на пијачка со пријателите или коктел по работно време.
Комбинацијата што ја избра Анџелина е донекаде минимална, и во однос на тоновите и кроевите, но повторно секако исклучително убав пример на елеганција без многу напор.
извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia