Стил // Стил на денот
Стил на денот: Аријана Гранде во специфичен бел сако-фустан
По тешкиот животен период - бомбашкиот напад во Манчестер, смртта на нејзиното поранешно момче Мек Милер и раскинувањето на веридбата со Пит Дејвидсон, Аријана Гранде пред неколку дена го претстави новиот сингл посветен на сите момци со кои била во врска, насловен како „Thank U, Next“.
Таа првата изведба на песната ја направи во шоуто на познатата водителка Елен, а заедно со двете придружнички на сцената инспирирана од свадбена церемонија, на пејачката како и останатиот амбиент преовладуваше бела боја.
Претпознатлива по високите чизми и коњското опавче, Аријана носеше интересна креација на сако фустан со чипкани додатоци од страна.