Стил на денот: Бела офанзива- Каролина го носеше во 2018, Анџелина Џоли со скоро ист во 2020 година

Добивај вести на Viber

Најголемиот моден тренд и ова лето се фантастичните лесни фустани од памук. Тие се парче кое мора да го имате, не толку за да бидете ин, туку за да ви биде пријатно, а ваквите фустани тоа го нудат.

Нашата поп дива Каролина Гочева уште во 2018 година носеше таков бел фустан со транспарентна плетка, а во 2020 година, холивудската актетка Анџелина Џоли која пред една недела беше фотографирана низ улиците на Лос Анџелес, облече скоро идентичен.

Фустанот веднаш стана планетарно популарен, а Џоли го комбинирала со црна чантичка и балатанки.