Стил // Стил на денот
Стил на денот: Бидете елегантни и модерни како Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Младата пејачка, Дуа Липа на Брит наградите годинава се закити со две награди, а, на црвениот тепих се појави во ретро комбинација, меѓутоа со истата не ги воодушеви модните критичари.
Можеби комбинацијата со која се појави на овие музички награди е премногу кичеса, но црното сако кое го носи на фотографијата која ја одбравме како „must have“ парче, дефинитивно е елегантно, уникатно и безвременско. Вакво сако со уникатни детали треба да има секоја дама која сака да е препознатлива со својот стил и елеганција.