Стил на денот: Билјана Дебарлиева во фустан кој стои добро на секоја дама над 40 години

Добивај вести на Viber

И во новата, 8-ма сезона на емисијата „Визита“ на „Канал 5“, во која се промовира здравјето и здравиот начин на живот, презентерката Билјана Дебарлиева избира да соработува со македонскиот бренд „Bella“.

Овојпат е наша инспирација на денот, а веруваме и ваша со фустанот кој чини само 3490 денари, а стои на секоја женска фигура. Особено е одличен избор за дамите над 40-тата година, кои сакаат да изгледаат тренди. 

Но тоа не значи дека може да изгледа одлично и на млада девојка која бара решение за деловен состанок.

Елегантниот крој и геометрискиот дезен, надополнети со миди должината го прават овој фустан совршено есенско модно парче.