Стил на денот: Цеца на вакцинирање цела во изгор скапа бела комбинација

Добивај вести на Viber

Светлана Цеца Ражнатовиќ во елегантно издание да ја прими втората доза на вакцината.

Пејачката се појави облечена во бело, косата и беше врзана во опавче а носеше скапа чанта преку раката.

Фото: принтскрин


Белата блуза и панталони , пејачката ги искомбинирала со црни сандали.

Комплетот кој го носела Цеца, го креирала познатата светска креаторка Викторија Бекам, а чантата е од новата колекција на брендот „Шанел“ чија вредност се движи од 4000 до 600 евра.


Големо внимание привлече и нејзината нова фризура. Имено, пејачката направи видлива промена, и се офарба во неколку нијанси потемна и си ги пресече шишките, а за оваа пригода ја врза косата во високо опафче.


Foto: kurir.rs. FOTO: Stefan Stojanović


Таа вчера ја прими втората доза и рече дека се чувствува феноменално, немала никакви нуспојави.

„Немав несакани ефекти, се чувствувам одлично. Ако секоја од познатите личности успеа да убеди најмалку три лица да се вакцинираат, тогаш успеавме “, изјави Цеца по вакцинацијата.


„Завчера бев на прославата кај Харис по повод Бајрам, го слушате мојот глас, пеев, но не се осмелував да наздравам“, рече насмеаната пејачка која трпеливо се сликаше со медицинските лица и обожавателите.


Пејачката претходно откри дека се одлучила за кинеската вакцина од компанијата Синофарм и откри дека била во консултација со лекар, затоа што ја прележала короната и имала одредена количина антитела.