Стил на денот: Цеца Ражнатовиќ диктира модни трендови - во овој стајлинг, секоја жена изгледа како милион долари
Пејачката добро знае како да привлече внимание. Всушност што и да носи, привлекува големо внимание.
Овој пат Цеца покажа како се носи најголемиот есенски хит. Таа се појави во костим со струк, цветен принт и заслужи чиста десетка за стил.
Овој костум станува се' попопуларен, како и овој принт. Иако не е вообичаено за есенската сезона, модните дизајнери велат дека оваа година правилата се менуваат и дека цветниот дизајн ќе биде на врвот на модната листа.
Јакната и панталоните се скроени за да ѝ се додворуваат на секоја фигура и да ја истакнат, сепак сокривајќи ги сите недостатоци на телото. Копчето на половината визуелно ја формира фигурата на песочен часовник, и оваа нијанса одговара на секоја жена, без разлика дали е русокоса, црна, бринета или црвенокоса.
Цеца ниту овојпат не остави ништо на случајност, па шминката беше совршена.
извор:stil.kurir.rs