Стил на денот: Четири предлози за комбинирање на зебра принт според Јелена Карлеуша
Не сме сигурни за вас, но ние обожуваме животински принт! Секси е, смел и им припаѓа на диви девојки и жени кои не можат лесно да се скротат!
Животинските мотиви и принтови никогаш не излегуваат од мода. Всушност, секоја сезона и секоја година, ги слушаме истите изјави на модни експерти како „животинскиот принт е во тренд!“
Оваа сезона зебра принтот си го најде своето место под модното небо и го има насекаде, на здолништа, џемпери, чанти, чевли, ремени итн. Значи, ако сакате да се забавувате со модата, изберете парчиња инспирирани со зебра принт.
Не се плашете дека ќе нема како да ги комбинирате таквите парчиња, бидејќи е најлесно, а тоа ќе ви го докаже и Јелена Карлеуша.
Ви донесуваме четири предлози како да комбинирате парчиња со зебра принт, според Карлеуша, која патем, чсто знае да облече на себе парче со овие мотиви.
Ако сакате да носите панталони, изберете ги оние со зебра. Тие се доволно парче само по себе, затоа комбинирајте ги со едноставни, маици во еднобојна боја, блејзери или обични џемпери.
Може да носите и џемпер или боди во зебра принт со кожни панталони или здолниште, хеланки и чизми.
Обратно пак, можете да изберете долен дел - здолниште со зебра мотиви, и едноставна маица горе.
Пополека пристига сезоната на макси, лелеавите фустани кои сите ги обожуваме. Изберете еден во зебра принт, за откачен пролетен изглед комбинирајте со бели кожени чизми и црно кожно палто.
Овој принт автоматски ќе ја зачини облеката во рок од една секунда. Ако сè уште не сте сигурни да носите такво драматично парче облека, изберете нешто од додатоците, како што се чанти, чевли или шал.