Стил на денот: Чевлите на Нина Бадриќ по кои полудеа жените од регионот - ќе ги посакате и вие

Добивај вести на Viber

Нина Бадриќ важи за една од најубавите, но и најстилизираните жени на нашите простори, а оваа дама е посветена на модерниот, но и елегантен стил и префинетите изданија.

Нина неодамна ги привлече сите погледи на настапот во Далмација во совршено софистицирана, но сепак толку секси и атрактивна комбинација.

Таа се одлучи за класика во која нема грешка - мал црн фустан, но со шик детали - самата креација е изработена од кадиф, а ја краси голема сатенска машна околу струкот.

Симпатично, но и предизвикувачко нели?

Овој модел на фустан визуелно ја истенчува фигурата и одлично им стои на повеќето жени, а дефинитивно вреди да го имате во плакарот - може да се носи практично во секоја ситуација што можете да ја замислите. Малиот црн фустан лесно се збогатува со детали.

Нина ова издание го комплетираше со дискретен накит, вамп црвен кармин, а забележавме и ефективни, кожени чевли со високи потпетици со потпис на брендот Гучи. Овие чевли со потпетици од 10, 5 см доаѓаат во три бои: розова, бела и црна и со тенок ремен околу глуждот, а нивната цена е дури околу 1.500 евра! По нив дефинитивно полудеа жените од регионот.


фото:instagram