Стил на денот: Чизмите во беж боја се апсолутен тренд на сезоната, мора да ги имате

Добивај вести на Viber

Чизмите со дебел ѓон во беж боја се идеални за освежување на вашиот стајлинг за зимската сезона

Чизмите со дебел ѓон веќе неколку сезони се апсолутен тренд за есен и зима, а така е и годинава. Класичните црни модели се секогаш добредојдени, но овие хит чизми од оваа сезона доаѓаат во посветла верзија, во која сигурно нема да останете незабележани.

View this post on Instagram

A post shared by (@pinka_minka)


Имено вашиот изглед можете да го освежите со ваков пар чизми во беж боја.

Актерката Џесика Алба и сопственичка на навистина инспиративна модна колекција, со својот неодамнешен дневен стајлинг докажа дека лежерните чизми не се популарни само во класичната, црна боја. Актерката, која ги цени носливите модни парчиња кои се и практични и стилски, го пронајде совршениот пар сезонски чизми во прилично беж, ванила нијанса.

View this post on Instagram

A post shared by (@diamondshoesbags)


Иако гардеробата од потемни нијанси доминира во студените месеци, оваа сезона носи безброј нови стилски можности кога станува збор за аутфити во светли бои. Имено, доколку сакате модерен изглед, но не сакате да се откажете од таков скап комфор, овие чевли се совршен избор.

Извор: stil.kurir.rs