Стил // Стил на денот
Стил на денот: Црните модни комбинации на кралицата Летиција и Меланија Трамп
И во новата календарска година, шпанската кралица Летиција вредно ги извршува своите кралски должности. На состанокот со менаџерскиот тим на „Fundación Telefónica“, таа уште еднаш привлече внимание со својот моден избор, овој пат облечена во црни парчиња од глава до пети.
Црниот фустан со потпис на британската модна куќа Барбери, ја истакна нејзината совршена фигура, а Летиција ја продолжи доминацијата на црната боја, зачинувајќи го целото издание со високи чизми.
Со ова издание, шпанската кралица ѝ се придружи на Меланија Трамп во носењето црни парчиња од глава до пети. Кога ја напушти Белата куќа, поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп, се одлучи за црн стајлинг во кој изгледаше совршено.