Стил на денот: Дакота Џонсон во задолжителниот бел фустан за оваа пролет
Дакота Џонсон не инспирираше да ви го понудиме нејзиниот аутфит како стил на денот, токму поради тоа што белиот фустан е секогаш во мода, а го среќаваме во секакви модели и форми. Можете да изберете изработени од чипка за вечерни излегувања, боемски со нежни карнери или плетени, сведени и едноставни за формални прилики.
Ако малиот црн фустан е одлика на постудените месеци од годината, тогаш малиот бел фустан е задолжителен во текот на пролетта и летото.
Ѕвездата од „50 нијанси сиво“ деновиве беше забележана во Калифорнија, во набавка по намирници.
Таа носи пролетен и едноставен, бел фустан комбиниран со едноставни чевли и секако, задолжителната маска за заштита.
Доколку ви недостасува идеја, како да стилизирате бел фустан, ви нудиме неколку начини за секоја пригода оваа сезона.
Малиот бел фустан може да се носи во комбинација со:
1. Кожна јакна и трендовски патики
2. Со торба и мокасини
3. Со кошула над или под фустанот
4. Со сандали гладијаторки
5. Со впечатлив ѓердан
6. Со летни чизми
7. Со шапка и бајкерски чизми
8. Со тексас јакна