Стил на денот: Две вечерни комбинации на Љупка Митрова кои оставаат без здив

Добивај вести на Viber

Денеска сме инспирирани од стилот на модната блогерка Љупка Митрова.

Таа важи за една од највлијателните инфлуенсерки кај нас, а нејзиниот стил би го опишале како урбан, со доза на елеганција.

За денес одбравме две комбинации од Митрова, кои се апсолутен моден погодок за свечености и вечерни излегувања.

Првата варијанта е долг црн фустан со отворен грб, а особено интересни се чевлите кои ги носи, и кои го „зачинуваат“ целиот изглед.

Втората варијанта е огнено црвена комбинација која е фантастично искомбинирана. Со предимензионален црвен блејзер наметнат над мини фустанот и внимателно одбрани детали кои го надополнуваат целиот стајлинг - Љупка зрачи со сексапил и убавина.