Стил // Стил на денот
Стил на денот: Џенифер Анистон покажува како се носат фармерки над 45 години
Преубавата Џенифер Анистон изгледа одлично на свои 51 година. Но иако е во добра форма и фит, таа внимава на начинот на облекување, па се носи во склад со нејзините години и одлично го прави тоа.
Денес стилска инспирација ни е есенскиот стил на Џенифер, во фармерки со форма и должина која е особено прикладна за жени над 40 години, кога претесните фармерки веќе не се во мода, а предимензионалните додадваат килограми, особено во тие години.