Стил на денот: Џенифер Анистон во комбинација која дури и Рејчел Грин би ја одобрила

Добивај вести на Viber

Џенифер се појави во совршена и едноставна комбинација на која ништо не треба да се додаде, а ниту одземе.

Покрај бројните улоги кои Џенифер Анистон ги имаше во децениите по емитувањето на серијата „Пријатели“, засекогаш ќе ја паметиме по улогата на Рејчел Грин.

52-годишната актерка кон крајот на минатиот месец се појави во западен Холивуд во лежерно издание со кое потполно го потврди својот имиџ на „девојка од соседството“.

Основата на нејзината комбинација беа светлосините фармерки со рамен крој и црната ролка, која како модно парче оваа сезона не престануваме да ја забележуваме на сите страни.

фото: Profimedia

Целиот овој изглед, актерката го надополни со „teddy“ капутот и чантата во црна боја, со легендарните рачки од бамбус кои ѝ дадоа доза екстраваганција и луксузен финиш на целата комбинација.

фото: Profimedia

Горниот дел го вклопи со црните чизми од превртена кожа и со нив ја заокружи целата комбинација.

Ова издание на Анистон слободно може да го искористите оваа есен или зима, бидејќи е составена од парчиња чии поевтини верзии сигурно може да ги најдете и кај нас.