Стил // Стил на денот
Стил на денот: Џенифер Гарнер во чизмите на сезоната
Актерката Џенифер Гарнер деновиве актуелна по изјавата на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек дека сè уште би пиел алкохол доколку останел во брак со неа, секогаш била жена со стил.
Овојпат ја имаме со една безвременска модна комбинација која е одличен избор за ладните зимски денови.
Црнобела ролка искомбинирана со црно здолниште со до под колена и чизмите на сезоната.
Станува збор за обувки во кои вреди да инвестирате, односно црни кожени чизми до колена на висока потпетица кои може да станат дел од секоја ваша модна комбинација.
Слични на овие на актерката може да најдете во Geox или Mango.