Стил на денот: Џенифер Лопез ќе ве освои во оваа лежерна комбинација

Добивај вести на Viber

Не престануваат медиумите да пишуваат за разделбата на латино дивата Џенифер Лопез со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, а особено деновиве се шушка за наводно помирување на Џеј Ло со нејзиниот поранешен партнер, актерот Бен Афлек. Двајцата се фотографирани во автомобилот на актерот, a, во последните неколку дена Афлек неколку пати е снимен и пред домот на пејачката во Лос Анџелес.

Пејачката за свои 52 години изгледа неверојатно и многу помладо, затоа токму таа е наша инспирација за рубриката „Стил на денот“. Во тренди тренерки во беж боја и краток бел кроп топ пејачката направила одлична комбинација за лежерно издание. Опуштено, комотно, но сепак атрактивно.



Фото: Инстаграм/Џенифер Лопез