Стил на денот: Џоан Колинс ака Алексис на 88- години ќе ви покаже како се носи цветен дизајн

Добивај вести на Viber

Легендарната британска актерка е можеби попозната по своите стајлинзи што ги носеше во култната „Династија“ во периодот од 80 -тите години. Сепак, нејзините аутфити никогаш не останаа незабележани од екранот. Па, дури ни сега кога е во деветтата деценија од животот.

Џоан беше видена пред неколку ноќи во еден од најубавите ресторани во Лондон - Ајви Челси Гарден. Актерката дојде на вечера со нејзиниот сопруг Перси Гибсон, кој има 56 години. 

Секако, таа беше во преден план, благодарение на многу ефективниот стајлинг што значеше вистинско мало вечерно освежување за крајот на летото. 


Свилен фустан во миди должина со црна основа и принт кали во розе тонови, и брош што се вклопува со цветниот дезен. Целиот стајлинг ака Алексис го заокружи со летен блејзер во слична боја што го комплетираше изданието со својата нежна, но впечатлива боја.


Фото: Profimedia