Стил на денот: Џулија Робертс во комбинација на која не можете да останете рамнодушни
Џулија Робертс и Џорџ Клуни се долгогодишни пријатели и актерска двојка кои заедно соработувале на неколку проекти. Овој пат холивудскиот актер и актерка глуми во романтична комедија сместена на Бали.
Тие се разведен пар кој сака да ја спречи нивната ќерка да се омажи за маж кој не го познава доволно. Иако постојано се скарани, сепак меѓу нив има хемија...
Овој пар сега гостуваше во една емисија. И додека Клуни е секогаш беспрекорен, овој пат Џулија го подели мислењето на публиката.
Холивудскиот заводник се појави во сив костум и црна кошула, а неговиот изглед плени како и пред години, додека актерката се одлучи за костум во беж боја. Џулија носеше комплет од Гучи Адидас и комбинираше спорт со елеганција. Под сакото носеше класична бела кошула со црна вратоврска.
Робертс чекореше насмеано во костум кој се состои од јакна- сако со црни пруги на ракавите, кои потсетуваат на тренерка, но и со мешаното лого на брендот Гучи Адидас.
Широки панталони со исти вертикални линии на страните како и сакото беа дел од комплетот, а актерката комплетираше со вртоглаво високи црни потпетици. Инаку, посебен детаљ од нејзиното модно издание е крзното на ракавите на сакото, а се заедно прави многу специфична комбинација на која не можете да останете рамнодушни.
Фото: профимедиа