Стил на денот: Еден за прошетка, а друг мами на ноќно излегување - два моќни стајлинзи на Џејла Рамовиќ
Пејачката важи за една од најследените млади ѕвезди на социјалните мрежи. Многу девојки во неа гледаат модели, па ги копираат аутфитите што таа ги носи. Сепак, нејзините комбинации немаат граници, па на сите им одговараат.
Пејачката и млада музичка ѕвезда Џејла Рамовиќ често споделува свои фотографии на социјалната мрежа Инстаграм на кои е одлично стилизирана.
Најчесто тоа се комбинации со мерка и вкус, и не посегнува често по провокативни комбинации.
На нејзиниот Инстаграм профил последните две фотографии на кои таа го сподели својот аутфит се голема инспирација за секоја девојка. Па ако имате слични парчиња, или имате можност да ја збогатите вашата гардероба со слични нема да погрешите.
Една од комбинациите во кои доминира беж е совршен избор за прошетка.Така многу лесно можете да комбинирате беж и бела боја кои одлично одат заедно. Едноставно не можете да погрешите бидејќи овие бои одговараат на се.
Меѓутоа, доколку сакате да изгледате волшебно кога ќе се стемни, односно кога одите во град на пијачка, стремете се таа да биде со вкус и стил, А комбинацијата на Џејла е вистинскиот пример.
Можете прво да облечете краток црн фустан, а потоа преку него да додадете широка јакна во маслинесто зелена нијанса, која ќе биде долга колку и фустанот. Црни чорапи со пристоен дизајн, рамни црни чизми и додадете златен накит како и беж чанта која одлично се вклопува со сите бои. Нашминкајте се со земјени тонови и пуштете ја косата. Ќе имате аутфит што ќе ги засени сите.
извор:stil.kurir.rs