Стил на денот: Елена Стефановска во едноставна и нежна комбинација

Добивај вести на Viber

Водителката на емсијата „Живот со стил“, секогаш позитивната и дотерана Елена Стефановска, повторно е наша модна инспирација. Овојпат ја имаме во едноставна комбинација од две бои.

Кожените здолништа се тренд на сезоната, а комбинацијата со црни хулахопки и салонки е одличен избор на водителката. Деталите во црна боја на блузата и наметката во крем боја ја истакнуваат нежната страна на и женственоста која ја носи овој аутфит.

Во оваа комбинација особено ни се допаѓа изборот на модни додатоци, односно фантастичната чанта од брендот „Мона“, како и трендовските мачкести очила за сонце.