Стил на денот: Ен Хатавеј во моќен фустан кој никого не остава рамнодушен

Добивај вести на Viber

На премиерата на серијата „WeCrushed“ во Лос Анџелес, оскаровката Ен Хатавеј ја воодушеви публиката со својот избор на фустан.

Иако 39-годишната актерка ретко носи провокативни фустани, овојпат таа се одлучила за неизбежниот тренд –фустан со шлиц од грузискиот дизајнер Дејвид Кома.


Оскаровката беше прогласена за најомразена личност во Холивуд од страна на магазинот Star веднаш откако освои Оскар за улогата во филмот „Les Miserables“. Имено, актерката го доби епитетот на нова дива која е заљубена во себе.

Главната причина за неславната титула беше говорот по освојувањето на Оскар за најдобра споредна женска улога.

Говорот беше оценет како лажно скромен, а на Ен не ѝ помогна ниту приказната дека одбила да облече фустан од Валентино бидејќи слушнала дека сличен ќе носи нејзината колешка Аманда Сејфрид. По медиумскиот линч и критиките на социјалните мрежи, Ен целосно го промени начинот на кој комуницира со публиката и медиумите.



Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot - MaximoTV