Стил на денот: Гоца Тржан во најубавата есенска боја и најнеобичните патики што сте ги виделе
Српската пејачка Гоца Тржан е препознатлива по својот модерен и тренди стил на облекување
Гоца Тржан на музичката сцена е повеќе од 30 години, а се чини дека со текот на годините успеа да изгради уникатен, минималистички, а сепак модерен стил на облекување.
Многупати нејзините стајлинзи се вистинска инспирација за многу жени, а тоа не е изненадувачки, бидејќи сите нејзини аутфити се онакви какви што секоја жена би можела да носи.
Овој пат пејачката го привлече нашето внимание со модерен и спортски аутфит во најубавата есенска боја.
Имено, пејачката за оваа пригода облече прекрасни крем панталони и блуза со риги. Таа ја разби монотонијата со класично сако во малку потемна кафена нијанса.
Сепак, она што сите го забележаа беа обувките, кои беа сè само не обични. Гоца овој пат реши да покаже како едноставна облека може да стане апсолутен хит со помош на само еден детаљ. Тоа се нејзините патики- кои се апсолутен хит меѓу трендсетерките, но сепак за многумина не се убави. Без разлика дали би ги носеле или не, тие соодвестуваат одлично на оваа модна комбинација на пејачката.