Стил на денот: Ирина Шајк заштитена и тренди

Добивај вести на Viber

Сè што ви треба за врвен стајлинг периодов, е монохроматски аутфит во малку позабележителна форма.

Можеби и вие, исто како нас, се опуштивте во овие услови по дома, но не и руската убавица.
Исто како и пред пандемијата, Ирина Шајк редовно оди на прошетка со својата тригодишна ќерка Лео, која ја доби за време на петгодишната врска со актерот Бредли Купер.

Овој пат, може да забележиме дека таа вешто го стилизираше спортскиот аутфит, па благодарение на сивиот тон и модерната преголема јакна, изгледа трендовски и елегантно.

И Ирина е доследна на мерките за заштита, иако нема класична заштитна маска како што носи нејзината ќерка, туку шал со црно-бел принт.

фото:Profimedia