Стил на денот: Истиот фустан на два сосема различни начини - Ражнатовиќ и Бјелица го оживуваат духот на стариот Холивуд

Добивај вести на Viber

Овој едноставен и многу елегантен модел ги воодушеви познатите девојки, па за кратко време видовме две убавици во истиот фустан во истата боја!
Сепак, тие го носеа секој на свој, и сосема различен начин!


Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, за време на нејзиниот неодамнешен престој во Виена за свечена пригода го облече зелениот фустан, кој привлече големо внимание кај нејзините следбеници на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by  A N A S T A S I J A  (@raznatovicanastasija)


Станува збор за светкав модел кој е над колената и е припиен до телото, поради што ја истакнува фигурата и бара самодоверба, па девојките не се одлучуваат многу лесно за овој фустан, фустанот е со затворено деколте и го префрла целиот фокус на грбот.

Но, овој интересен фустан за есенски и зимски свечени прилики не го видовме првпат на Анастасија - пред два месеци актерката Теодора Бјелица се појави во идентичен модел на белградската премиера на филмот „Тома“!

View this post on Instagram

A post shared by Teodora Bjelica (@teodorabjelica)


Една од најатрактивните девојки на српската актерска сцена се одлучи за истиот фустан, но го облече на малку поинаков начин: додека Анастасија реши овој елегантен и тесен модел да го комбинира со салонки со врвки, Теодора избра класични салонки. 

View this post on Instagram

A post shared by A N A S T A S I J A  (@raznatovicanastasija)


Покрај тоа, Анастасија ја подигнала косата во ниска пунџа, а Теодора се одлучила за опуштени локни пренесени на едната страна, со што го оживеа духот на стариот Холивуд.

View this post on Instagram

A post shared by Teodora Bjelica (@teodorabjelica)


извор:stil.kurir.rs