Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ивана Кнез во совршена црно-бела комбинација
Креаторката и дизајнерка Ивана Кнез е дама која е секогаш дотерана од глава до пети. Овој пат таа покажа совршена црно-бела комбинација во емисијата на Снеже „Нешто конкретно“.
Бела асиметрична кошула, црно здолниште, црни хулахопки со точки кои се тренд број еден сезонава, црни салонки и уникатен накит се парчињата кои ги споила Ивана, а со тоа направила совршена комбинација - не се очекува ништо помалку од оваа дама.
Секоја чест.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм - Ивана Кнез