Стил на денот: Изгледајте како Тамара Тодевска во фустан од Манго од 2500 денари

Добивај вести на Viber

Нашата денешна модна инспирација е пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот фустан од Манго кој моментално е на попуст и чини само 2490 денари.

- Топло ви ја препорачувам новата колекција во Манго, фустанов е од таму- напиша Тамара која изгледа одлично во овој лесен црн миди фустан со изразени бели детали, искомбиниран во рокерски стил со црни чизми и кожена јакна.