Стил на денот: Јакна, кошула или фустан? Тамара Драгичевиќ носи едно парче на три начини
Убавата актерка освојува со нејзините модни стајлинзи.
Младата актерка Тамара Драгичевиќ во последните неколку години одигра бројни главни улоги во српски серии и филмови. Покрај тоа, таа исто така игра во театар секој ден.
Таа сака да ги споделува своите фотографии со следбениците на социјалните мрежи, а со модните изданија предизвикува лавина од коментари.
Овојпат воодушевува со едно модно парче кое го носи на три начини и покажува зошто вреди да имате и вие такво нешто во гардароберот.
Станува збор за парче кое може да се носи како јакна, како кошула но и како фустан, а вака го комбинира таа:
Со црни хеланки и високи чизми за дневни прошетки.
Како фустан со црни хулахопки, каубојки и јакна преку него.
Додека за вечрни излегувања го носи раскопчено со црн топ и повторно црни хулахопки.