Стил на денот: Јелена Ѓоковиќ во панталони кои оваа сезона ќе владеат на улиците
Идеални се за секоја прилика, а сопругата на познатиот тенисер покажа како ги носи во класичен стил...
Одамна е познато дека Јелена Ѓоковиќ навистина има истенчен вкус кога се модните парчиња во прашање. Модниот стил на сопругата на познатиот тенисер најмногу се отсликуваат во едноставни, но брилијатно искомбинирани и ненаметливи парчиња.
Меѓутоа, иако минимализмот е нејзин заштитен знак, сопругата на Новак Ѓоковиќ добро знае како да остави впечаток дури и кога се наједноставните комбинации во прашање.
Овој пат за гостувањето во една телевизиска емисија се одлучи за популарните панталони со висок струк и широки ногавици во валкано бела боја.
Панталоните ги искомбинира со црна маица од проѕирен материјал, а целиот изглед го надополни со ѓердан кој дава посебна магија на целата комбинација.
фото: Принтскрин / Инстаграм