Стил на денот: Јелена Ѓоковиќ во романтичен фустан кој ја истакува женственоста
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен откако го совлада Американецот Бен Шелтон, а Јелена Ѓоковиќ го бодреше од трибините. Сопругата на Новак е незаменлива потпора во ложата и секој пат нѐ воодушевува со својот моден избор.
Јелена Ѓоковиќ и за вакви пригоди се одлучува за елеганција, а нејзините модни изданија станаа непогрешливи. Јелена овој пат се одлучи за бел фустан со цветен дезен. Декориран е со интересни детали како тантела на рабовите на деколтето, а тенките прерамки даваат посебен шмек на романтика.
Foto:screenshotЈелена во последно време избира фустани со голи рамена, кои одлично ѝ стојат и ја истакнуваат нејзината женственост. Фризурата ја следеше целата оваа приказна, а овој пат убавата сопруга на Ноле се одлучи за романтични плетенки.
Целата комбинација ја заокружи со пристоен накит во форма на златни алки, кои ги спои со дискретни нараквици. Шминката, како и секогаш кога е Јелена во прашање, беше од природни тонови кои ја истакнаа нејзината убавина.