Стил // Стил на денот
Стил на денот: Јелена Розга во уникатен бохо комплет-комбинација поради која дамите силно ја посакуваат есента (ФОТО)
Една од најдобро стилизираните хрватски пејачки уште еднаш ги воодушеви сите со својот стајлинг
Познатата хрватска пејачка Јелена Розга секогаш го привлекува вниманието на јавноста со својот автентичен стил.
Неодамна имавме можност да ја видиме во многу модерна, а сепак толку автентична комбинација, што многу жени посакаа што побрзо да дојде есента за да можат да ја копираат.
Имено, Јелена облече прекрасен бохо комплет во сино-бела боја, кој беше составен од три дела. Од горниот дел кој едвај и ги покриваше градите, паѓаа долги бели реси и покриваа дел од стомакот.
Сакото и широките панталони ја истакнаа нејзината половина и направија да изгледа многу моќно.
Овој комбинација на хрватската пејачка е идеална за топлите летни денови, а уште подобра за свежите есенски денови. Многу е лесно да се копира, па не е чудно што многу жени нетрпеливо ги чекаат постудените денови за да прошетаат во слична облека.