Стил на неделата: Јелена Розга во летни модни комбинации со фармерки

Добивај вести на Viber

Пејачката Јелена Розга го прослави својот 45-ти роденден, а кој би рекол дека има толку години?

Таа изгледа како девојка во своите дваесетти, и е доста активна на Инстаграм, па често можеме да видиме како се облекува во одредени пригоди, а не е редок случај нејзините комбинации да се одлични за копирање кога ќе снемате идеи.

Ова лето таа обожава да носи фармерки искомбинирани со најразлични блузи и маички, па токму нејзините аутфити се супер инспирација за овие врнежливи денови.