Стил // Стил на денот
Стил на денот: Јелена Спенџарска издоминира во тренди црно-бела комбинација
Водителката и инфленсерка Јелена Спенџарска пред Нова година, односно за време на Католички Божиќ го покажа момчето, кое е од Солун.
Токму во тој убав и сончев град таа направи и неколку фотографии, а една комбинација е наша викенд модна испирација.
Јелена носи плетена бела ролка, црно мини здолниште со бели детали и црни чизми. Одлична комбинација за дневна прошетка покрај Егејското море, но и за да испиете кафе со пријателките за време на викендот.
Со црно-бело комбинациите никогаш нема да погрешите.
Одличен избор.
Фото: Инстаграм - Јелена Спенџарска