Актуелно // Insta вести
Конечно: Спенџарска го покажа момчето - позираа покрај елката и си разменија божиќни подароци (ФОТО)
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска ги поминува божиќните празници со момчето во Солун.
- Нашиот прв заеднички Божиќ - напиша Јелена и конечно реши да го покаже нејзиното момче кое долго го криеше од јавноста.
Кочечно - напиша таа.
Неодамна Спенџарска на социјалните мрежи сподели дека ја нашла својата сродна душа, меѓутоа не покажа за кого станува збор.
Сега за празниците реши да ја сподели нивната прва заедничка фотка.
Спенџарска и нејзиното момче уживаат прегрнати покрај новогодишната елка, а таа сподели и кратко видео на кое си разменуваат подароци.
Инаку, како што објавија медиумите, нејзиното момче е од Грција, а таа често патува во Солун, во негова посета.Ужива во Солун со момчето: Јелена Спенџарска сподели фотографија со љубениот