Стил на денот: Карирани панталони и „oversized“ џемпер за тренди понеделник

Добивај вести на Viber

Оваа недела ја започнуваме со карираните панталони, кои супер стојат и со чизми, патики и со високи потпетици.

Карираните панталони станаа парче кое е задолжително за оваа есенско/зимска сезона.  Со својот специфичен крој, овие панталони лесно се претвораат во модерно парче што лесно се вклопува во различни комбинации.

Нашиот фаворит се наоѓа во Mango. Иако често е дел од деловните комбинации, ние овојпат ги комбинираме за дневен опуштен стајлинг. Најдобар избор е со популарните „oversized“ џемпери во една боја.

Одличен моден избор за старт на новата работна недела!