Стил // Стил на денот
Стил на денот: Каролина Гочева од другата страна на гламурот
Една од најпознатите македонски пејачки, Каролина Гочева, во петокот имаше свој акустичен концерт, кој беше дел од манифестацијата „Културно лето - Карпош“, која ја организира општината.
Освен со нејзиниот глас, македонското девојче сите присутни ги воодушеви и со својот изглед. Имено, таа за оваа пригода се одлучи маица со нежна француска тантела, во комбинација со елегантни црни панталони.
Целиот изглед го збогати со автентичен накит и високи потпетици, а ова издание дефинитивно е одличен избор за последните денови од летото.
Како и досега, зад оваа модна комбинација на Каролина стои познатата стилистка Цаци Паковска.